Ученици од 9а одделение од нашето училиште заедно со менторот, наставникот по историја, денес учествуваа на вториот круг на „Ученичка квизотека“ во организација на ДКЦ Карпош.

Во конкуренција на ООУ „Кузман Шапкарев“, ООУ „Ѓорче Петров“ и ООУ „Ј.Х.Песталоци“ учениците го освоија второто место, со што продолжија понатаму со натпреварувањето во квизотеката.