Учениците присуствуваа на работилница „ Техники за трансформација на биоотпадот ” во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Oд јули 2024 година Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas и ќе се споведува до октомври 2026 година. Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој. Денеска нашето училиште присуствувше на Работилница „ Техники за трансформација на биоотпадот ” во Биотехнолошката лабораторија на која учениците правеа пектин од лушпи од јаболка, биодизел од сусам и биоплатика од кора од компир.