Едно убаво и несекојдневно дружење ни го разубави денот.
Најпрво учениците од I до IX одделение со нивните прекрасни хумористични песни сите слатко не насмеаја. Потоа пред нас продефилираа: принцези, Супермен, Хулк, невести, гусари, војници, верверички, вештерки, Јапонка, пајак ….
За три најубави маски беа одбрани:
“Облак” – Срна Ѓурковска од IIa одд.,
“Свадба” – Инес, Софи и Јаков од IVa одд. и
“Робот” – Никола Трајковски од Va одд.
Со помош на сите присутни ученици и со најголем громогласен аплауз за најуспешна и најоригинална маска беше одбрана маската “Робот” на ученикот Никола Трајковски од Va одд .
Им благодариме на сите ученици за учеството на овој убав настан.