Со цел да ја разбудиме еколошката свест кај најмладите преку забавни и корисни активности во нашето училиште се организираше ЕКО акција за учениците од прво, второ и трето одделение.

Учениците заедно со нивните наставници, а со помош на неколку ученици од VIII и IX засадија цвеќиња во училишниот двор, но и билни растенија во нашата градина. Притоа најмалите научија за важноста на растенијата, грижата за нив и нивната значајна улога за здравјето на луѓето.

Дополнително со поголемите ученици од четврто до деветто одделение ќе организираме акција за чистење на училишниот двор, поттикнувајќи на одговорност и заедништво.

Да создаваме почиста и позелена околина заедно!