И оваа година нашето училиште се приклучи кон големата акција „Генералка викенд 2025“, со цел да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање, селектирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.
Во склоп на наставата беа одржани и Еко часови, чија цел е да ја поврземе практичната работа на терен со наставата, бидејќи веруваме дека грижата за животната средина се учи и преку настава и преку активно учество во акции за чистење, пошумување и зачувување на природата.
Во акцијата беа исчистени училишниот двор и спортските терен #екочас2025.
Генералка викендот е организиран од „Мен енд маунтен“, а Еко час е активност поддржана од УНИЦЕФ и Шведска.