На 21 мај 2025 година, во Галеријата на библиотеката „Другарче“, се одржа свеченото доделување на наградите од литературниот конкурс „Една радосна вест“, по повод празникот на Св. Кирил и Методиј.
Ученичката Марија Јовчевска од 9А одделение со нејзината поетска творба, искрена, чувствителна и оригинална, освои второ место во категорија поезија.
Во придружба на својот ментор, наставничката по Македонски јазик Елена Тодоровска, ученичката присуствуваше на настанот пренесувајќи ја својата порака со топлина и емоција со секој прочитан стих.
И упатуваме искрени честитки за овој успех и веруваме дека ова е само чекор кон уште многу идни литературни достигнувања!