На ден 28 и 29 септември се одржа 17-тата Детска ликовна колонија св “Пантелејмон”, Горно Нерези во организација на Детскиот ликовен центар, а со поддршка на Општина Карпош. Во рамки на оваа културна манифестација, учествуваа ученици од десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош, како и учениците од збратимената Општина Нови Београд (Србија). Творбите беа инспирирани од мотиви на повеќе слободни теми од секојдневието, а поддршка добиваа од своите ментори наставниците по ликовно образование. Нашето училиште го претставуваа талентираните ученички: Јована Петрушевска и Стефанија Петроска од 9 одд.
На 21.9.2023 Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошки факултет изведе стоматолошки преглед кај учениците од VII одделение,со цел проценка на нивото на кариес кај 12 годишни деца.
Почетокот на новата учебна година 2023/24 и приемот на првачињата во OOУ,,Аврам Писевски” беше одбележан со пригодна програма .
Поздравно обраќање имаше директорот на училиштето Kристина Андриќ Стојановска , а потоа градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски се обрати кон првачињата и присутните на приредбата и им посака среќен почеток на учениците.
Ведрата смеа и жагорот на учениците го означија 1-ви Септември во нашиот училишен двор
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!
]]>
Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја – 22 aприл. По повод Денот на планетата Земја ОН со низа манифестација ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.
Како што се посочува во пораката од свеската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.