Мисија и визија

                                                                                     МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

 

Нашето училиште е здрава и пријатна средина која им овозможува на учениците, како главни субјекти на сите активности, да се здобијат со основните знаења, умеења и вештини неопходни за продолжување на образованието и секојдневното функционирање, а наставниците реализираат современа и квалитетна настава со примена на современи наставни методи и техники и континуирано професионално усовршување.

 

 

                                                                                           ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Нашата визија е обезбедување на еднакви можности на учениците од сите етнички групи и да ги искористат своите капацитети за да стекнат знаења, способности и вештини преку модернизација на наставата, осовременување на наставните средства и усовршување

 

  1. Што сакаме да постигнеме? Во училиштето да има здрава и пријатна средина каде учениците ќе се здобијат со основни знаења умеења и вештини неопходни за продолжување на образованието и секојдневното функционирање, додека наставниците би реализирале современа и квалитетна настава со примена на современи наставни методи и техники како и континуирано професионално усовршување
  2. На кој начин би го постигнале тоа? Со постојани работилници, наставни и воннаставни активности, поттикнување на вештините за секојдневно функционирање преку практични работилници и работилници за споделување. Организирање семинари и континуирано усовршување на наставниот кадар и стручната служба, учество во вебинари и онлајн семинари и работилници, работилници за споделување на наученото по стручни активи.