Тим од нашето училиште денес присуствуваше на конференцијата за Граѓанско образование „Граѓанско на дело: Од училница во акција“ во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование со поддршка на Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука и USAID.
Нашиот тим беше комбиниран, составен од наставникот по Граѓанско образование Зоран Пржовски, Татјана Митрички од стручната служба и ученичките од 9А одделение Теодора Ѓорѓиевска и Кристина Божиновска.
 
Ученичките учествуваа на работилницата „Учиме граѓанско преку жива библиотека“, на кој 10 институции од земјава преку свои претставници ги презентираа своите активности и работа. Преку разговор со претставниците, нашите ученици директно се запознаа со работата на овие институции и добија подобра престава за нив и нивната фунцкија.
 
Наставникот по ГО Пржовски и членот на стручната служба Митрички проследија две панел сесии. Првата сесија насловена „Време е за граѓанско – процеси и политики“ на која дебатираа повеќе креатори на програсмата за ГО, координаторот на проектот и засегнати наставници од училиштата. Во втората сесија „Граѓанско на дело – Учење ГО преку наставни и воннаставни активности“, шест училишта од републиката ги презентираа своите проекти и отворени часови по ГО од претходната учебна година со цел мотивирање на присутните и давање нови идеи за изработка во идниот период. Нашите претставници активно учествуваа во дискусијата на зададените теми.