Колку е убаво да пишуваме и твориме, да пееме од срце и душа и да цртаме.
Така во нашето училиште, учениците заедно со наставниците ја создаваат својата училишна приказна полна со успеси.
Денес во холот на нашето училиште директорката Кристина Андриќ Стојановска додели благодарници и алки на членовите од хорот, солистката Мила Николовска од IX a и нивниот ментор наставничката Слаѓана Чекичевска за освоено I место на државно ниво.
Пишаниот збор железни врати отвора.
Благодарница и за Марија Јовчевска од 8а одд. за освоено II место на Републички детски литературен фестивал и за наставничката по македонски јазик Елена Тодоровска како нејзин ментор.
Благодарница и за наставничката по ликовно Маја Крстева и нејзините ученици за постигнати I и II место на меѓународни натпревари.
Благодарница и награда за најдобар ученик Клементина Марковска 9б
Првенец на генерација – Јована Петрушевска 9а
Честитки на сите и им посакуваме уште многу успеси понатака.