Ученички парламент

Во нашето училиште, како и секоја година избравме нов состав на ученичкиот парламент.

На првиот состанок како гости присуствуваа наставникот по Историја и Граѓанско образование Зоран Пржовски, како и психологот Мери Синадиновска. На почеток на состанокот земаа збор и се обратија на учениците.

Во изборот учествуваа учениците од нашето училиште од 1 до 9 одделение. Потоа се обрати кандидатот за претседател Николина Костовска, додека збор земаа и Милена Китановска и други ученици.

По гласањето за претседател беше избрана Николина Костовска од 9А одделение. Заменик претседател е Милена Китановска од 9Б одделението. За ученички правобранител е избрана Софија Божиновска од 7А одделението.

Им посакуваме среќа и успех во работата на парламентот и на ученичкиот правобранител, за заедно да работиме за доброто на нашето училиште.