Ученички парламент

Во нашето училиште, како и секоја година избравме нов состав на ученичкиот парламент.

На првиот состанок како гости присуствуваа директорката Александра Смилковска, наставникот по Историја и Граѓанско образование Зоран Пржовски, како и психологот Мери Синадиновска. На почеток на состанокот земаа збор и се обратија на учениците.

Во изборот учествуваа учениците од нашето училиште од 1 до 9 одделение. Потоа се обрати кандидатот за претседател Јана Иваноска, додека збор земаа и други ученици.

По гласањето за претседател беше избрана Јана Иваноска од 9А одделение. Заменик претседател е Мила Велинова од 9А одделението. За ученички правобранител е избрана Ања Стојковска од 7Б одделение.

Им посакуваме среќа и успех во работата на парламентот и на ученичкиот правобранител, за заедно да работиме за доброто на нашето училиште.