Во духот на општествената одговорност и одржливиот развој, Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) донираше компјутери и компјутерска опрема во нашето училиште. Оваа донација претставува огромен придонес за нашето училиште и ја покажува општествената одговорност на свесните субјекти во општеството, каков што одсекогаш бил ФФМ.
Упатуваме голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагич за донацијата. Ви благодариме за вашата донација, со која помагате во процесот на образованието кај децата. Искрено се радуваме и на идните можности да соработуваме на повеќе полиња, со цел градење на нашата иднина преку спортот и образованието кај најмладите.