По повод месецот на медиумската култура, учениците од 8. и 9. одделение реализираа едукативна посета на киното Cineplex, заедно со наставничката по македонски јазик Ивана Ристоска. Посетата им овозможи поблиску да се запознаат со филмската уметност и значењето на медиумската култура во современото општество.