Учениците, наставниците и техничкиот кадар од ООУ „Аврам Писевски“ реализираа симулациска вежба за евакуација во случај на опасност во рамки на училишниот објект. Пред да се спроведе вежбата, согласно Планот за заштита и спасување и Правилникот за заштита од пожари и експлозии, беше одржан информативен состанок.

На состанокот сите вработени ги слушнаа насоките за правилна организација, со цел за подобра координација.

Притоа, евакуацијата беше успешно спроведена која учесниците успеаа да ја реализираат.