Денес со гордост и љубов го одбележавме 5 Ноември Денот на ромскиот јазик,во нашето ,,ООУ Аврам Писевски” заедно со нашите ученици од различни етнички заедници.

Преку презентации, креативни хамери, и заеднички активности, учениците ја изразија својата почит кон ромскиот јазик, култура и традиција.

 

Овој ден е потсетник дека јазикот е душата на еден народ, а почитта кон различните јазици и култури е мост кој нè поврзува и зближува.

Горди сме што во нашето училиште се негува толеранција, пријателство и меѓусебно разбирање меѓу сите ученици.

 

Да го чуваме и негуваме ромскиот јазик – јазикот на љубовта, музиката и духот што обединува! 

Среќен 5 Ноември – Ден на ромскиот јазик.