Почетокот на новата учебна година 2023/24  и приемот на првачињата во OOУ,,Аврам Писевски” беше одбележан со пригодна програма .

Поздравно обраќање имаше директорот на училиштето Kристина Андриќ Стојановска , а потоа градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски  се обрати кон првачињата и присутните на приредбата  и им посака среќен почеток на учениците.

Ведрата смеа и жагорот на учениците го означија 1-ви Септември во нашиот училишен двор

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!