Ученичките од IV одделение, Јована Стојановска и Ева Анастасијевска заедно со нивниот ментор Љубица Манов, учествуваа на Меѓународниот натпревар по странски јазици Willkommen 2023 и освоија одлични резултати во првиот круг од натпреварот по Англиски јазик. Ученичката Ева Анастасијевска освои I место и продолжува во вториот круг на натпреварот, а ученичката Јована Стојановска освои V место. Честитки за постигнатите резултати. Со среќа