На 28.04.2018 год. во Македонскиот народен театар, група ученици од нашето училиште од IV-VII оддел. ја проследија театaрската претстава ,, Силјан Штркот Шанца‘‘ во режија на авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Претставата побуди голем интерес кај учениците со прекрасната актерска изведба, костимографија, сценографија… Децата имаа можност да се запознаат со сценска адаптација на приказната на Марко Цепенков, најголемиот собирач на народни умотворби. Авторот и режисерот успеале преку мајсторско градење на драмските ликови да им ја доближат на децата идејната, едукативна порака која ја носи во себе и самата приказна на Цепенков

.