На 4.12.2019 во библиотеката ,,Другарче‘‘, по повод одбележувањето на денот на Св. Климент Охридски, беа доделени награди за литературен конкурс на тема: ,,Моќта на словото‘‘.Првонаградени ученици од нашето училиште се Марко Крстевски од IX оддел. и Мила Стојановска VIIIa оддел. под менторство на наставничката по македонски јазик Ракиќ Марика.

На конкурсот со свои литературни и ликовни творби учествуваа и ученици од ОУ,, Други шумадиски одред‘‘ од Мaрковац, Р. Србија, партнер на нашето училиште, и ги добија следните награди:За литературни творби  Јелена Лазиќ VII-1- гран при. Јелена Јевшиќ VII-2 (прво место ); Aнѓела Ѓуровиќ VIII-1 ( прво место ).Благодарници за ликовни творби добија: Невена Ѓуровиќ VIII, Милица Првуловиќ VIII, Анѓела Ѓуровиќ VIII и Вања Јелиќ VI oдделение
Нивните ментори, Бојана Голубовиќ и Горан Микиќ, добија заслужни дипломи.Свеченоста беше збогатена со пригодна програм во која настапија хорот на нашето училиште, ритмичка игра на ученици од четврто одделение и наградената ученичка на манифестацијата ,, Карпош има талент‘‘, Сара Крстевска. Низ програмара ги водеше Михаела Младеновска, ученичка во седмо одделение.