На предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, на 99-тата седница е донесена одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи.


Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.


Постојано ќе се следат состојбите и како алтернатива постојат дополнителни две сценарија: преминување на целосно онлајн настава или комбинирано, доколку дојде до промена на состојбата со пандемијата.