ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕЦАТА Денес се облежува Меѓународниот ден на децата – 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.