Спроведена уште една успешна донација на нашиот клуб. Овој пат нашиот клуб, Ротари клуб Скопје Север заедно со РК  Бутел Скопје  реализираше проект за дополнителни дидактички средства за сензорна соба во ООУ “Аврам Писевски” во Бардовци. Поаѓајќи од идејата за меѓусебно помагање, како и помагање на тие на кои помошта им е најмногу потребна, притоа детектирајќи ги потребите во заедницата, членовите на Ротари клубот Скопје Север заедно со Ракометниот клуб Бутел од Скопје ја реализираа оваа донација со потребните реквизити и опрема за сензорна интеграција, а со цел дополнително да се придонесе кон развојот и добробитието на децата на кои ова соба им е повеќе од потребна.

Понеделник, 06.06.2022 #РотариКлубСкопјеСевер #Ротари #Донација