21 февруари Меѓународен ден на мајчиниот јазик прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.
Славењето на Денот на мајчиниот јазик би требало да нè потсети за грижата за својот јазик, но и да ни укаже за присуството на други јазици.
Ако разговараш со некој на јазикот што го знае, ќе допреш до неговиот ум. Ако зборуваш со некој на неговиот јазик, ќе допреш до неговото срце.
По тој повод денеска во нашето училиште беше реализирана работилница „ Преку јазикот и песната допираме до срцето“ предводена од наставничките по музичко Слаѓана Чекичевска, по англиски јазик Наташа Томшиќ и по македонски јазик Елена Тодоровска.
Во работилницата беа презентирани песни со преводи кои се пеат на мајчин јазик од сите етнички групи застапени во нашата држава и песни на странски јазици англиски, француски – задача беше да ги откријат пораките на песните. Наставничката по музичко Слаѓана Чекичевска беше задолжена за музиката а наставничките по англиски јазик Наташа Томшиќ и по македонски јазик Елена Тодоровска поставуваа прашања за кој изведувач и која песна се работи и при тоа познатите композиции учениците ги исполнуваа со вокална интерпретација. Преку сликите откриваа и дел од народната носија и нејзините карактеристики.Ученичката Анастасија Велковска од 9а одделение преку презентација ги запозна со делото и творештвото на Кочо Рацин.Учениците работеа во групи а финалниот исход го преточија на хамер.
Што е најважно што треба сите знаеме : „ Јазикот е единствена наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште. Секој јазик е нечиј мајчин јазик.Сакајќи го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици.“
Исто така и учениците од трето и од четврто одделение се придружија кон одбележувањето на овој ден.
Нека ни е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.