Денес со учениците од 9 одд.и дел од учениците 8 одд ООУ ,,Аврам Писевски” го посетивме Институтот за фолклор,,Марко Цепенков”.Директор Ермис Лапазановски и Доцент доктор Стојанче Костов не запознаа со работата на институтот и неговото истражување во областа фолклор од сите аспекти.Поврзаноста на фолклорот со предметите Истражување на родниот крај и Проекти од музичка уметност ,бевме информирани за инструментите нивното потекло и значење на овие простори и обичаите во Македонија.Учениците поставија прашања за видовите на инструменти,број на жици,добивање на тонот како и за застапеноста и развиеноста на носиите во западна и источна Македонија.
Учениците добија задача изработка на машка и женска народна носија.
Благодарност до институтот за фолклор,,Марко Цепенков” за топлиот прием.