Нашите ученици од 4, 8 и 9 одделение денес беа во организирана посета на Музејот на Македонската борба за самостојност во придружба на класните и одделенските раководители, како и наставникот по Историја од нашето училиште. Тие се запознаа со поставките на музејот кои ја опфаќаат состојбата во Македонија од XIV век па се до периодот по 2 Светска Војна.
На учениците кустос од музејот им ги објаснуваше сите личности и настани опфатени со поставката. Тие дискутираа и уживаа во слушањето и разгледувањето на предметите изложени во музејот.
Посетата беше реализирана во функција на постигнување на целите од програмата на предметите Историја и општество за 4 одделение и Историја за 8 и 9 одделение.