Трговијата со луѓе е меѓународен проблем и претставува модерна форма на ропство. Во процесот на трговија со луѓе најсурово се искористува човечкото тело и труд при што на жртвите им се прекршуваат основните човекови права, почнувајќи од ограничување на движење, па се до насилство и злоупотреба.
Поради тоа Црвен крст на Репулбика Македонија – општинска организација Карпош во соработка со ООУ,,Аврам Писевски”, с.Баровци на 11-ти Декември одржа едукативно предавање со учениците од 8-мо одделение преку Национална платформа за учење на далечина-програмата Тeams (on line) вклучување на учениците во едукативното предавање преку power point презентација и видео подготвена од страна на волонтерите на Црвен Крст и одделенскиот наставник Ана Деспотовска.
Оваа група беше таргетирана како ранлива категорија бидејќи младите основци можат да бидат лесна мета на трговците со луѓе, барајќи лесна заработка, желба за учење и работа во странство во иднина. Со цел превенција во однос на овој меѓународен проблем, оваа едукација служи за информирање на учениците како може да се препознае трговијата, и споделување на корисни совети како соодветно да се реагира доколку се забележи оваа појава.
Учениците покажаа голем интерес за темата, подготвеност за учење и мотивираност за работа, споделување на искуства и знаења, како и меѓусебното дружење и соработка.