На 03.12.2025 година, во просториите на нашето училиште се одржа работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад. Учениците од IX одделение и четворица ученици од VIII одделение учествуваа во активности преку кои се запознаа со селектирањето, преработката и циркуларната економија.

 

Настанот е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, реализиран од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија.

 

Училиштето продолжува да ги поддржува иницијативите што ја зајакнуваат еколошката свест и одговорност кај младите.