Врз основа на член 158 став(3) од Законот за основното образование(„ Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/19,229/20,3/25,74/25, 250/25 и 111/26) и јавниот повик за начинот и постапката за користење на средствата кои основното училиште ги собира од родителите, односно старателите на учениците,а во врска со Правилникот за начинот и постапката за користење на средствата кои основното училиште ги собира од родителите,односно старателите на учениците бр.12-12627/1 од 29.09.2025 година, ООУ „ Аврам Писевски“ – Скопје, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање на понуди

Ги повикуваме сите заитересирани правни и физички лица да достават понуди за:

1. Фотографирање на учениците во учебна 2026/2027 година;

2. Обезбедување на ученици во учебна 2026/2027 година;

3. Списанија и стручна литература во учебна 2026/2027 година;

4. Осигурување на ученици во учебна 2026/2027 година;

5. Превоз на ученици за реализација на вон-наставниактивности и општествено корисна работа и слично во учебна 2026/2027 година;

Писмените понуди потребно е да се достават во затворен плик до архивата на ООУ „ Аврам Писевски“ – Скопје најдоцна до 15.09.2026 до 12.00 часот , со назнака за Комисија за прибирање понуди за фотографирање,обезбедување,списанија и стручна литература,осигурување и превоз на ученици за учебна 2026/2027 година.

Понудите ќе се разгледуваат од страна на комисија формирана од Училишен одбор по даден предлог на членови од Совет на родители на ден 18.09.2026 година во 11.00 часот .

 

Советот на родители по разгледување на понудите со одлука ќе изврши избор која ќе ја донесе на својата седница и ќе ги извести избраните и неизбраните правни или физички лица преку ООУ „ Аврам Писевски“ – Скопје.

 

 

Комисија за прибирање понуди за фотографирање, обезбедување, списаниjа и стручна литература, осигурување и превоз на ученици за учебна 2026/2027 година