Психологот Мери Синадиновска, со ученици од 9-то одделение во ООУ „Аврам Писевски“, реализираше работилница на тема „Градење отпорност (resilience) кај учениците“.
Преку дискусија и интерактивни активности, учениците:
✨ Се запознаа со концептот на психолошка отпорност;
💡 Ги препознаваа своите внатрешни ресурси;
🤝 Ја согледуваа важноста на поддржувачката мрежа;
🧩 Учеа стратегии за справување со стрес и предизвици во секојдневието.
Нивната ангажираност и отвореност покажуваат дека младите имаат силен потенцијал да развиваат лична стабилност и саморегулација.
Продолжуваме да ги поддржуваме нашите ученици да растат психолошки посилни и подготвени за иднината! 💪🌱
#ДеновиНаПсихологијата2025 #Resilience #ООУАврамПисевски #МладиСоСила