Под мотото „Нашите права – нашата иднина“ и оваа година во нашето училиште се организираа низа на активности со кои се одбележа детската недела.
„Недела на детето“ е недела посветена на промовирање на правата, благосостојбата и развојот на децата.
Да се потсетиме дека секое дете има право на љубов, образование, здравје, забава и безбедности и не смее да биде дискриминирано поради полот, бојата на кожата, јазикот, религијата, инвалидноста и припадноста на етничката група.
По тој повод беше организирана хуманитарна акција за помош на децата.