По повод 10 октомври, со учениците од 8а и 9а одделение психологот Мери Синадиновска реализира работилници посветени на теми кои директно влијаат на нашата ментална и емоционална благосостојба.

 

Преку дискусии, прашалници и групна работа, учениците размислуваа и зборуваа за:

💬 булинг и неговите последици,

💚 препознавање и изразување на емоции,

🤝 емпатија кон жртвата,

🏫 перцепција на училишната клима и врсничките односи.

 

Целта на активностите беше да се поттикне отворен разговор, разбирање и поддршка, како и заедничко градење на побезбедна и попријателска училишна средина.

 

🕊️ Грижата за менталното здравје започнува со слушање, разбирање и споделување.