Во рамките на изборниот предмет Велосипедизам, учениците од четврто одделение на 28 октомври (вторник) одржаа работилница на тема „Деловите на велосипедот“.

Преку цртежи и практични примери, учениците учеа за функцијата на секој дел од велосипедот и како правилно да се одржува. Работилницата имаше за цел да ја поттикне љубопитноста, одговорноста и интересот за безбедно возење велосипед. 🎨🔧

 

Денес, учениците од петто до деветто одделение учествуваа во втората активност, која се одржа во училишниот двор. Таму се реализираа игри и натпревари со велосипеди, преку кои учениците ја покажаа својата вештина, внимателност и спортски дух. 🏁🚴‍♀️

 

Активноста имаше за цел да ја подигне свеста за здравиот начин на живот, важноста на физичката активност и придобивките од користење велосипед наместо автомобил. 🌿💚

 

Денот помина во весела атмосфера исполнета со другарство, натпреварувачки дух и љубов кон природата. 🌞✨