Во нашето училиште психологот Мери Синадиновска реализираше интерактивна работилница „Другарство“ по повод Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 ноември. Учениците преку креативни задачи, тимска работа и разговори учеа за важноста на толеранцијата, разбирањето и прифаќањето на различностите. Заеднички испратија порака дека другарството, почитувањето и поддршката создаваат посилна и поубава заедница. Подготвија и пораки за другарство кои беа изложени во училиштето. Горди сме на нашите петтоодделенци за нивната посветеност и желба да бидат вистински другари!