По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3ти Декември, дел од нашите ученици ја посетија инклузивната танцова претстава “Сонот на едно дете” во Македонската опера и балет (МОБ). На сцената заедно настапуваа деца со и без попречености и ни овозможија нам да ја повувствуваме силата на уметноста како средство за разбирање, прифаќање и поврзување🤍. Претставата ни испрати силна порака, “СВЕТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ, КАДЕ РАЗЛИЧНОСТИТЕ СОЗДАВААТ КОХЕЗИЈА”.

Учениците се вратија мотивирани, поттикнати да размислуваат подлабоко за емпатија, почит и инклузија во секојдневниот живот, а со цел да придонесат за создавање на училишна средина во која сите ќе се чувствуваме слушнати, видени, прифатени.