По повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учениците од продолжениот престој приредија прекрасна, топла приредба.

Со многу љубов, песна и игра, тие ги израдуваа најмалите другарчиња од градинката „Виножито“. Овој гест е потсетник дека сите ние сме дел од една иста заедница и дека различностите се наше богатство.

Со вакви настани, ја славиме еднаквоста, вклученоста и важноста од поддршката, ширејќи насмевки и градејќи мостови на пријателство.