На ден 01.11.2019 година со почеток од 11:00 часот на игралиштето во СРЦ Влае се одигра финален натпревар од фудбалскиот куп на Општина Карпош помеѓу ООУ Аврам Писевски и ООУ Петар Поп Арсов. Во еден изедначен натпревар, но со максимално фер и коректна борба од двете страни победа издвојуваа учениците од ООУ Аврам Писевски. Крајниот резултат гласеше ООУ Аврам Писевски- ООУ Петар Поп Арсов 3:0 (0:0). По завршувањето на мечот од страна на Општина Карпош на сите учесници на финалниот натпревар беа доделени дипломи, а на победничката екипа и пехар во трајна сопственост.