На ден 28 и 29 септември се одржа 17-тата Детска ликовна колонија св “Пантелејмон”, Горно Нерези во организација на Детскиот ликовен центар, а со поддршка на Општина Карпош. Во рамки на оваа културна манифестација, учествуваа ученици од десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош, како и учениците од збратимената Општина Нови Београд (Србија). Творбите беа инспирирани од мотиви на повеќе слободни теми од секојдневието, а поддршка добиваа од своите ментори наставниците по ликовно образование. Нашето училиште го претставуваа талентираните ученички: Јована Петрушевска и Стефанија Петроска од 9 одд.