На 24.9.2024 г. пред учениците од I, II, III и IV одделение беше одржано предавање од страна на стручно медицинско лице од Центарот за јавно здравје.
На учениците им се обрна особено внимание за редовно, правилно и секојдневно одржување на личната хигиена (миење на раце, заби, тело), како и храната која секојдневно ја внесуваме и корисни препораки за стекнување на навики за подобро здравје.
Целта на предавањето беше да се подигне свеста кај децата за личната хигиена, исхраната како и придобивките од редовната физичка активност.