На 06 и 07.03.2025(четврток и петок) се одржаа обуки и работилници за Сеопфатно сексуално образование со осмо и деветто одделение, организирани од страна на обучени младински едукатори од ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Истите имаа за цел:

✔ Да обезбедат точни и научно засновани информации за сексуалното и репродуктивното здравје.

✔ Да ги развијат вештините на децата за градење здрави и безбедни меѓучовечки односи.

✔ Да ги едуцираат за важноста на почитување, родова еднаквост и лични граници.