Учениците, наставниците и техничкиот кадар од ООУ „Аврам Писевски“ реализираа симулациска вежба за евакуација во случај на опасност во рамки на училишниот објект. Во вежбата беа активно вклучени 259 учесници, а пред да се спроведе истата, согласно Планот за заштита и спасување и Правилникот за заштита од пожари и експлозии, беше одржан информативен состанок. На состанокот сите вработени ги слушнаа насоките за правилна организација, со цел за подобра координација. Притоа, евакуацијата беше успешно спроведена која учесниците успеаја да ја реализираат за само 60 секунди.