Во организација на дефектолозите (специјалните едукатори и рехабилитатори)од основните училишта во Општина Карпош, а со поддршка од општината, во ООУ “Петар Поп Арсов” се одржаа инклузивни спортски игри. Игрите беа наменети за деца со типичен и атипичен развој, а со цел зајакнување на инклузивната пракса и поттик за меѓусебно дружење и поддршка. Игрите поминаа одлично, децата беа возбудени и среќни, а на крајот сите учесниците добија освежување и благодарници за учество.

Од ООУ “Аврам Писевски” на овие инклузивни игри учество земаа Инес Павиќ, Стефан Крстиќ од 4то одд, Софија Божиновска и Матео Николовски од 6то, заедно со дефектологот.