Во рамки на училишната акција „Фарбање ограда и уредување на еко-дворот“, учениците и наставниците здружено придонесоа за разубавување на училиштето. Со заеднички сили, старата ограда беше префарбана,а дворот се збогати со нови растенија, цвеќиња и еколошки елементи направени од рециклирани материјали.
Акцијата имаше за цел да ја поттикне еколошката свест и тимската работа кај учениците, создавајќи почиста и поубава средина за сите.