Училиштето ООУ “Аврам Писевски” е дел од проектот Едукација за безбедност во сообраќајна и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош. На 14 мај се одржа првата практична активност со возење велосипеди предводени од претставник од Вело училишта, Никола Нешкоски. Учествуваа ученици од шесто одделение кои веќе го имаат слушано предметот Велосипедизам и ученици од седмо одделение. Учениците воедно се запознаа и со безбедноста и заштитна опрема при возење велосипед.