Во рамките на активностите за меѓуетничка интеграција, вчера во нашето училиште „Аврам Писевски“ се одржа заедничка средба со ученици од партнерското училиште „Лиман Каба“. Настанот беше посветен на македонските и албанските народни песни, како дел од културното наследство на двете заедници.

 

Учениците имаа можност да се запознаат со традиционални македонски и албански пеани, кои ги прочитаа, слушнаа и отпеаја заедно. Понатаму, секое дете нацрта симболи инспирирани од содржината на песните, како и обоени слики од народни носии и ора, со што се изрази креативноста и почитта кон традицијата.

 

Активноста беше исполнета со позитивна енергија, меѓусебна соработка и заедничко уживање во културното богатство што не обединува.