На овој ден се слави богатството и разновидноста на јазиците во Европа. Повеќе од 200 јазици се зборуваат на нашиот континент, а секој од нив носи своја култура и традиција. Целта на овој ден е да се поттикне љубовта кон учење јазици, почитување на различностите и разбирање меѓу народите.

За да се одбележи овој ден, за да ја прослават јазичната разновидност и да научат дека секој јазик е богатство, нашето училиште спроведе низа активности и работилници со учениците од 6то до 9то одделение: квиз за европските јазици и факти, диајлози на различни јазици и постери, презентации за државите и официјалните јазици.