Во рамки на програмата Вело Училишта, нашето училиште учествува во изборот за „Вело училиште на месецот – ноември“, преку креативна и модерна активност која го спојува велосипедизмот со наставата по англиски јазик.
Учениците oд шесто одделение, заедно со наставничката по англиски јазик и велосипедизам подготвија видеа и оригинални слогани на англиски јазик, со кои ја промовираат важноста на велосипедизмот како одржлив начин на мобилност, здравите навики и безбедното учество во сообраќајот. На овој начин покажавме дека велосипедските вредности можат да се интегрираат во било кој предмет и да станат дел од секојдневното учење.