Во пресрет на празникот 8 Декември – денот на Св. Климент Охридски, библиотеката „Другарче“, во рамки на ЈУ ГБ „Браќа Миладиновци“ – Скопје, по 17-ти пат го реализира традиционалниот литературен конкурс на тема „Роботот што сакаше да оди на училиште“.

На конкурсот, нашата ученичка Ања Стојковска од 6б одд., под менторство на наставничката по македонски јазик Елена Тодоровска, ја освои Гран при наградата за проза, со што го потврди својот талент и посветеност.

 

Денес се одржа и свеченото доделување на дипломите, проследено со пригодна културно-уметничка програма во која учесниците и наградените беа достојно претставени.

 

 

Честитки за овој значаен успех и за одличното претставување на нашето училиште!